2win800x200

Битолското обвинителство до Основниот суд во Битола поденесе обвинителен акт против поранешен директор на РЕК Битола за кривичното дело загадување на животната средина. Обвинение е покренато и против правното лице Електрани на Сверна Македонија за истото кривично дело.

Во рудниците на РЕК Битола е тешко да се работи и зима и лето. Тоа е исклучително одговорна работа, а нема годишно време кое им е наклонето на рударите. Во лето е многу жешко и има голема прашина, а во зима е студено, има вода, поплави, кал. Оваа работа може да биде многу ризична доколку не се почитуваат правилата и работникот не е одговорен. Вака го опишаа своето работно место двајца пензионирани работници од РЕК Битола, Симјан Талевски и Ѓорѓи Сотиров, кои целиот свој  работен век го поминаа  во комбинатот. Тие по повод Денот на рударите заедно со уште 45 вработени во РЕ „Рудници“ добија признанја и награди за посветоноста во извршувањето на работните задачи.

РЕК Битола продолжува со реализиација на еколошки проекти, најави новиот директор на комбинатот, Златко Ќурчиевски и рече дека  целта е згадувањето да се сведе на минимум. Најинтензивни активности има на  одлагалиштето за пепел, каде се подига бедем кој треба да го запре разнесувањето на прашината . 

РЕК Битола ја информира јавноста дека пристапи кон исклучување на Блок 2 заради намалување на корисното дејство на истиот, а како последица на пројавената неисправност на групата загревачи за висок притисок (ЗВП). Напоменуваме дека ова исклучување е последица на задоцнетиот капитален ремонт на блокот, кој согласно инструкциите на производителите на опремата мораше да биде реализиран пред две години. 

Шест ученици од четврта година од геолошко – рударската и металуршката струка при СОУ „Таки Даскало“ од Битола денес во РЕК „Битола“ полагаа практичен дел од завршниот испит за профилот ракувач со рударски машини. Полагањето се одвиваше во Рудникот Брод Гнеотино, под менторство на професори од училиштето и стручни лица вработени во комбинатот. Учениците покажаа одлични познавања на проблематиката што ја совладуваа во текот на целата учебна година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани