2win800x200

Одбележан Денот на рударите во РЕК-Битола

Август 29, 2019

Во рудниците на РЕК Битола е тешко да се работи и зима и лето. Тоа е исклучително одговорна работа, а нема годишно време кое им е наклонето на рударите. Во лето е многу жешко и има голема прашина, а во зима е студено, има вода, поплави, кал. Оваа работа може да биде многу ризична доколку не се почитуваат правилата и работникот не е одговорен. Вака го опишаа своето работно место двајца пензионирани работници од РЕК Битола, Симјан Талевски и Ѓорѓи Сотиров, кои целиот свој  работен век го поминаа  во комбинатот. Тие по повод Денот на рударите заедно со уште 45 вработени во РЕ „Рудници“ добија признанја и награди за посветоноста во извршувањето на работните задачи.

69861291 367684873899847 3254236586342088704 n

 

-Работев од 1976 година, а се пенизонирав годинава во јануар. Имам вкупно 58 години работен стаж, од кои редовен 43 и 15 бенефициран. Тешко е да се работи оваа работа, но можам да кажам дека порано временските прилики не беа како сега, немаше вакви жешки лета, сменети се климатските услови. Денес ретко кој млад човек може да ги издржи условите на ова работно место, веднаш бараат замена, рече Симјан Талевски, ракувач на багер за ископ на јаглен, кој рече дека голема чест му е што комбинатот му одаде признание.

И Ѓорѓи Сотиров целиот свој работен век го поминал во Државните електрани, најпрво во РЕК Осломој, а потоа во РЕК Битола, како ракувач на багер. Има вкупно стаж од 42 години. 

-Работата е посебно тешка, потребно е посебно внимание и одговорно да се пристапи, затоа што станува збор за ризична работа, тоа се огромни машини кои можат да го донест несакани последици. Јас обучив многу млади и барав од нив да се придржуваат на моите совети. Денес тие ме заменија на моето работно место и се задоволни за знаењето што им го пренесов, рече Сотиров.

69540461 702902763468630 8144215800987779072 n

Новите технологии треба масовно да се воведуваат и во рударството, а ЕСМ и РЕК Битола како државни компании имаат можност, но и должност да бидат лидери во воведувањето нови технологии, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната прослава на Денот на рударите во РЕК Битола.

– Во земјава има околу 100 активни рудници и тоа ја прави оваа гранка да биде еден од основните столбови во нашата економија. Со цел поддршка на рударството Владата презеде значајни чекори за подобрување на условите за работа, а во РЕК Битола, уште од почетокот на нашиот мандат работиме да обезбедиме одржлива и видлива иднина за комбинатот. Јавно ја потврдуваме поддршката за инвестициските планови на РЕК Битола со што ќе се овозможи стабилност електроенергетскиот систем во Северна Македонија, истакна министерот Манчевски пред битолските рудари.

69511188 380285692863296 7155350046949507072 n

Според Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ, вложувањата во комбинатите овозможуваат поефикасно производство на електрична енергија.

– Вложуваме да обезбедиме уште подобри услови за работа во РЕК Битола но и во РЕК Осломеј. Посветени сме за да одговориме на потребите за електрична енергија во цела држава. Нашиот план е ремонтите да завршат навреме и во грејната сезона да влеземе подготвени и со зголемен капацитет за производство на електрична енергија. Како компанија во иднина повеќе ќе вложуваме во постоечките, но и во нови капацитети, а ќе вложуваме во обновливи извори на енергија, рече Ковачевски.

70364698 687617444982520 1264997915986755584 n

Во првите 8 месеци во РЕК Битола Блок-1 испорачал 699.026 мегават часови или 110 проценти од планираното, Блок-2 испорачал 858.743 мегават часа или 122 проценти од планираното и Блок-3 испорачал 672.355 мегават часа или 116 насто од планираното, информира директорот на комбинатот, Златко Ќурчиевски.

– Вкупното производство на испорачаната електрична енергија е 2.230.124 мегават часови и е 16 насто над планираното, а ако кон ова се додадат заштедите во потрошувачката на мазут кои изнесуваат 30 проценти тогаш слободно може да се каже дека РЕК Битола има успешна производствена и инвестициско-еколошка година, имајќи предвид дека за неколку дена ќе започне реконструкцијата на разладната кула на Блок2 а наскоро ќе го добиеме изведувачот на реконструкцијата на електростатиските филтри. За овие резултати заслужни се сите вработени во комбинатот, рече Ќурчиевски.

69329436 2838233576205006 3201655316076822528 n

На прославата по повод денот на македонските рудари се обрати и поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и на вработените во РЕК Битола им го честита Денот на рударите.

69261205 435205897092130 7391173081831571456 n

69350457 2907948109430820 5205429547331223552 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани