Продолжува поларната зима во Битола. И понатаму дневената температура останува под нулата, иако во текот на денешниот ден бележи покачување за неколку степени. Попладнево во Битола температурата изнесуваше -2 степени Целзиусови, а во текот на ноќта исто така се очекуваат ниски температури под нулата. 

Денес има и нови интензивни врнежи од снег. Снегот врне од шест часот наутро. Според прогнозите ќе наврнат уште триесетина сантиметри нов снег. Врнежите го отежнаа движењето по улиците, со оглед на тоа дека уште има и снег што наврна пред неколку дена,  а  и коловозите се подмрзнати.  
 49826051 2189695177720517 1529433138231508992 n
49938473 773837946312805 2758591596537577472 n
49647059 291825501520097 6026309239113252864 n
 

Од утре метеоролозите најавуваат  обилни снежни врнежи, кои  ќе  фомрмираат нова  снежна покривка. Од ЈП „Нискоградба“-Битола  велат дека се подготвени за новиот снежен бран и  апелираат граѓаните кои  живеат во тесните улици и ги оставаат своите  автомобил на коловозите, доколку се во можност да ги отсранат за да може механизацијата на ова јавно претпријатие да го чисти снегот. 

Снегот што непрекинато врне од синоќа во Битола, формира снежна покривка од околу 15 цм и донесе радост не само за децата, туку и за возрасните кои вечерва излегоа на прошетка по Широк Сокак. Ви пренесуваме дел од снежната убавина и амбиентот низ главната битолска улица

По врнежите на повисоките места, снегот вечерва пристигна и во Битола и веќе се формира  снежна покривка

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани