Битола утрово осамна со снежна покривка од 16 сантиметри и уште во текот на ноќта во првите шест часа од снежните врнежи, ЈП „Нискоградба“ ги исчисти улиците од прв и втор приоритет.  

-Исчистени се улиците од прв и втор приоритет уште во текот на ноќта, а подоцна и приградските населби. Напочеток беа посипени ризла и сол , а откако наврнаа над десет сантиментри снег ја вклучивме целокупната механизација на претпријатието, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ во Битола,  за апла.мк.

По сушните декември и јануари, Битола доживува вистинска снежна идила на крајот од февруари.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.

На сите сообраќајни патни правци во државава се забележуваат врнежи од ситен снег.

Од утре Македонија ќе биде под влијание  на многу студена и влажна воздушна маса, што ќе услови заладување и врнежи од снег во целава земја, а од вторник температурите ќе се спуштат и под -10 степени. 

Попладнево поради обилните снежни врнежи, прогласена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои Пресека, Буково и Ѓавато, како  и кон граничниот премин Ќафасан. На Буково сообраќајот е забранет и за автомобили, известуваат од АМСМ

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани