2win800x200

Битолчани на големо купуваат брашно, шеќер и масло

Март 01, 2022

На големо се празнат рафтовите со шеќер, масло и брашно во Битола откако започна војната со Украина, а особено по вестите последниве денови дека можно е да дојде до поскапување на цената на лебот и белите печива.

„Рафтовите за брашно во неколку продавници се празни. Јас морав од една да купам шеќер, а од друга масло. Никогаш претходно не се случило во продавница да нема масло или шеќер“ раскажуваат битолчани.

Вработени во неколку поголеми маркети велат дека купувачите скоро им ги испразниле залихите од брашно , масло и шеќер.

„Се случува еден купувач да земи по десет килограми брашно одеднаш како да се подготвуваат за војна. Моравме да воведиме правило едно лице да не може да купи повеќе од три килограми. Но, потоа ги пуштаат другите членови од семејството да докупат уште некој килограм. А освен најави дека поскапува лебот од еден производител, немаме други дека ќе има повисоки цени за маслото и шеќерот“, велат продавачите.

Низ маркетите во Битола засега е поскапен само лебот од една мелничко-пекарска инсустрија за четири денари, додека од другите пекари лебот се продава по старата цена.

Вака битолчани ги празнеа маркетите и аптеките и на почетокот од пандемијата со ковид-19, кога покрај лекарства, средства за дезинфекција на големо се купуваше и брашно, паштети, масло и тоалетна хартија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани