2win800x200

Од контролирани 55 трговци во Битола, инспекторите на УЈП констатираа неправиности кај 10

Март 21, 2022

Од 120 извршени контроли во дводневната акција на инспекторите на УЈП  на територијата на Регионалната дирекција во Битола кај 41 даночен обврзник се утврдени неправилности. Само во Битола од 55 контроли кај 10 се констатирани неправилности. Како што информираат од УЈП, инспекторите контролираа дали за основните продукти за исхрана се пресметува ДДВ со 0 или со 5 %. Низ целата држава беа направени вкупно 611 контроли од кои кај 114 обврзници се утврдени неправилности


Во контролите беа опфатени даночни обврзници кои вршат дејност трговија на мало со храна и пијалоци, трговија на мало со месо и производи од месо, трговија на мало со моторни горива и кои дејноста ја вршат преку повеќе деловни единици, односно деловни единици со поголема продажна површина и остваруваат промет во поголем износ. И покрај укажувањата за прилагодување на фискалните апарати дел од даночните обврзници немале прилагодени каси согласно Законските одредби кои мораше да ги направат до 17 март, 2022 година.


„Најмногу неправилности има утврдено во Тетово. Од 31 исконтролиран продажен објект во Тетово кај 15 биле утврдени неправилности односно неиздавање и неусогласена фискална сметка. Од 28 контролиран објект во Струга кај 14 имало неправилности. Во Прилеп и Охрид направени се по 32 контроли и кај 12 даночни обврзници имало констатирани неправилности. Во Битола од 55 контроли, кај 10 имало констатирано неправилности. Спротивно на Закон постапиле и 6 даночни обврзници од Струмица, од Кавадарци,од Гостивар и од Ресен. Во Неготино од вкупно 17 исконтролирани даночни обврзници кај 3 имало неправилности. Додека во Штип, Гевгелија, Кичево, Валандово и Велес само кај еден даночен обврзник имало постапување спротивно на Закон. “ – истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Лукаревска, апелираше до граѓаните да ги бараат фискалните сметки и секаде каде ќе увидат наплатен ДДВ на основните производи за исхрана, да пријават на телефонските броеви 198 или на 0800 33 000, како и преку апликацијата„ Мој ДДВ“. Сите пристигнати претставки ќе се проследат до инспекторатот, по што согласно Законот истите ќе постапуваат. УЈП и во наредниот период контуинирано ќе ја следи состојбата на терен и ќе продолжи со контуинирани и координирани контроли, заедно со останатите надлежни институции. Сите објекти кои нема да ги почитуваат одредбите од законот, ќе се соочат со глоби согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања за издавање на сметка која не ги содржи пропишаните елементи.


Законската одредба почна да се применува од четврток, 17 март 2022 година, со неа е предвидено намалување на ДДВ од 5 на 0% за лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот од сончоглед. Сите продажни објекти требаше до 17 март да ги прилагодат фискалните каси и за погоре споменатите производи да не наплаќаат данок на додадена вредност и истите во фискалните каси од група Б да ги стават во група Г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани