2win800x200

Насочени сме кон јакнење на локалната ромска заедница, Коњановски со честитка за Меѓународниот ден на Ромите

Април 08, 2022
Во организација на Здружението на Роми „Ромска ѕвезда“ на Плоштадот Магнолија се одржа настан, со кој беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите. Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им го честита 8 април, посакувајќи им понатамошен напредок и заедничко надминување на сите предизвици:
„Постојаната грижа и реализацијата на проекти кои ќе придонесат за подобри услови за живот на Ромите во Битола, се дел од од секојдневното работење на локалната самоуправа.
На овој начин, насочени сме кон јакнење на локалната ромска заедница и вклучување на Ромите во дизајнирањето, спроведувањето и мониторингот на планови и проекти кои произлегуваат од Вашите потреби, што претставува и дел од Ромактед програмата, која успешно се спроведува во општина Битола.
Преку оваа програма, учествуваме во процесот на Промовирање на доброто управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.
Општина Битола е главен поддржувач на ромската инклузија во институциите, но и отворен соработник на Ромите во нивното делување во заедницата. Ромите се дел од нашето општество, рамноправни со останатите граѓани, со можности за промоција на својата култура и традиција.
Денес, сакам да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, да Ви посакам добро здравје и многу понатамошни успеси во надминување на предизвиците, како и Ваше социо економско јакнење во понатамошниот период.
Верувам дека во идниот период нашата соработка ќе се продлабочува и ќе решиме голем број од отворените прашања кои се Важни за сите нас кои живееме во Битола“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање по повод Меѓународниот ден на Ромите.
Попладнево, градоначалникот на Битола ќе присуствува и на настанот кој се реализира како дел од културните настани во рамките на проектот БАИР-здружена акција на Битола за вклучување на Роми, а по повод Меѓународниот ден на Ромите кој е посветен на нивната историја и култура, а се одбележува низ целиот свет, афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани