2win800x200

Јавен протест на Сојузот на борци против отворањето на клуб во Битола именуван по Ванчо Михајлов, еден од најголемите експоненти на фашизмот

Април 15, 2022

 

 
Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, како организација која се грижи за негување на придобивките од Народноослободителната и Антифашистичката војна и за чување на традициите и придобивките од Народноослободителната борба и Антифашистичката војна на Македонија и од националноослободителната борба и востанијата на македонскиот народ од подалечното минато изразува 
 
Јавен протест
1. Заради отворањето на „Културен центар Иван Михајлов - Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, бидејќи преку името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III, се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија, милитаризмот и антимакедонските политики од времето на Втората светска војна, се промовира историографски ревизионизам насочен кон негирање на Националноослободителната војна на македонскиот народ и нејзините придобивки во поглед на афирмација на македонскиот нациоинален индивидуалитет и македонската национална држава и се врши навреда на македонското национално донстоинство.
 
2. Заради антимакедонските политики на официјална Софија која преку поддршката и промоцијата на „Културен центар Иван Михајлов - Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, кој е именуван со името на еден неприкриен фашистички експонент од времето пред, за време и по Втората светска војна, односно со името на фашистот Ванчо Михајлов, кој директно и индиректно, ја помагал и промовирал фашистичката, експанзионистичката, денационализаторската и асимилаторската политика кон Македонија и Македонците на фашистичка Бугарија раководена од царот Борис III и тогашниот премиер Богдан Филов, исто така сојузници и соработници на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, врши директен напад врз македонскиот антифашизам, врз борците за национална и социјална слобода на македонскиот народ и врз борбата за афирмација македонскиот национален идентитет и создавање на македонската национална држава.
 
3. Заради односот на македонската влада која толерира промоцијата на „Културен центар“ кој е именуван со името „Иван (Ванчо) Михајлов“, преку што директно и индиректно ја помага рехабилитацијата на фашизмот и антимакедонизмот од минатото. Истовремено и против против индолентниот однос и молкот за формирањето на здружение со име на еден од најголемите антимакедонски и фашистички експоненти од минатото, од страна на македонските претседатели на Републиката и Собранието, кои на таков начин го одобруваат загрозувањето на македонското национално достоинство и го поттикнуваат фашизмот, ревизионизмот и антимакедонизмот.
 
4. Заради молкот и индолентниот однос на македонските политички партии за формирањето на Клуб кое го носи имито „Ванчо Михајлов“, со што го одобруваат ова јавно понижување на македонскиот народ и антифашизмот како идеја и пракса од македонската историја и што со тој нивни молк се солидаризираат со промоцијата на политики од минатото кои биле и се насочени против постоењето на македонската нација и македонската државност.
 
Битола, 
15.04.2022 година
 
Собрание на Сојузот на борци Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани