2win800x200

Наместо да се легитимира Стив Наумов изваде пиштол и го уби озлогласениот бугарски началник Ќурчиев-80 години од настанот за кој пишуваше светот

Мај 08, 2022
Сликата е дело на сликарот Тоде Ивановски Сликата е дело на сликарот Тоде Ивановски

На 06.05.1942 година, при обид да биде легитимиран од  бугарскиот обласен полициски началник Ќурчиев, наместо да му ја даде личната карта на началникот, Народниот херој Стеван Наумов-Стив од џебот изваде пиштол и на лице место го уби овај злогласен крвник. Убиството се случи во центарот на Битола во месноста позната – кај Калугериците.

Потоа се скри во куќата на Пецо и Антула Стефановски,    која Стив и другарите  Киро Крстевски- Платник и Лазо Хаџи Поповски Пламен, ја користеа како илегалци.

Иако, бугарските полицајци извршија целосна  блокада на Битола и претрес на куќата, благодарејќи на снаодливоста на домаќините, тие не биле откриени.

Овај настан силно одекна во Битола, а за истиот пишуваа и весниците во САД, првпат објавувајќи дека нешто се случува во окупираната Македонија.

 
Сликата е дело на  на сликарот Тоде Ивановски
 
Текст преземен од Сојуз на борци-Битола
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани