2win800x200

СОУ „Таки Даскало“ нуди широки можности за избор на учениците

Мај 24, 2022

Во СОУ "Таки Даскало" Битола, се одржа отворен ден, на кој деветто одделенците имаа можност да се запознаат со гимназиското образование и сите струки кои им ги нуди ова училиште. Им беа презентирани гимназиското образование и билингвалната паралелка (македонско-англиска) што им нуди на учениците можност да учат и на англиски јазик, што полесно им ги отвора вратите да студираат на светските универзитети, а беа презентирани и седумте струки: геолошко-рударска и металуршка (геолошко-рударски техничар), сообраќајна (техничар за патен сообраќај и техничар за транспорт и шпедиција), графичка струка (графички уредник-дизајнер/графички техничар и печатар/изработувач на визуелни апликации -дуално образование), градежно-геодетска (градежен/архитектонски техничар), текстилно-кожарска (техничар за дизајн на облека/техничар за изработка на облека), угостителско-туристичка (хотелско-туристички техничар), лични услуги (техничар за козметичка нега и убавина), како и можностите што им ги нуди стручното образование за стекнување вештини за вработување и отворање на сопствен бизнис.

ОВА 2

Новитет од оваа година е воведувањето и на дуалното образование во графичката струка во образовниот профил печатар, за што беше потпишан Меморандум за соработка со Печатницата "Киро Дандаро", што ќе им овозможи на учениците практичната настава која ќе ја изведуваат во оваа компанија да им биде платена од страна на МОН, а ќе им биде загарантирано и вработување во Печатницата "Киро Дандаро" по завршувањето на средното образование. Дуално образование се планира да се воведе и во другите струки, затоа што тоа е иднината за стручното образование кое треба да продуцира стручни кадри кои ќе стекнуваат практични вештини во компаниите и ќе можат веднаш по завршувањето на средното училиште да се вклучат на пазарот на трудот.

 

-СОУ "Таки Даскало" им нуди на учениците широки можности за избор, според сопствените афинитети. Покрај квалитетно гимназиско образование и билингвална македонско-англиска паралелка, им нудиме и седум струки кои се дефицитарни на пазарот на трудот и ќе им овозможат на нашите ученици стекнување практични вештини и вработување по завршувањето на средното образование, а од наредната учебна година воведуваме и дуално образование во графичката струка во соработка со Печатницата Киро Дандаро - истакна директорот Ристо Грујовски.

Во секторот градежништво, градежните компании имаат недостиг на градежни техничари кои се дефицитарни, а има потреба и од архитектонски техничари, а од следната учебна година битолски фирми ќе им доделуваат стипендии на учениците од градежно-геодетската струка. РЕК Битола има постојана потреба од рударски техничари, каде учениците ја изведуваат и практичната настава, па им се нуди можност за брзо вработување во најголемиот рударско-енергетски комбинат во државата. Во Битола, како еден од туристичките центри во Македонија, исто така има недостиг на кадри во угостителскиот сектор, хотелско-туристички техничари, така што голема е можноста за вработување во хотелите, рестораните, туристичките агенции кои немаат квалификуван кадар, а имаат потреба од тоа.

282179951 520589236270226 8984050579594519414 n

 

Битола како колевка на графичкиот занает и со долгогодишна традиција во графичарството, исто така, има потреба од графички техничари, графички дизајнери, печатари, изработувачи на визуелни апликации, а струката нуди можности и за отворање сопствен бизнис, зашто графичкиот дизајн наоѓа широка примена. Исто така и текстилната струка и навлегувањето во тајните на модниот дизајн и дизајнирање, конструкција и изработка на модни креации, нуди можност за сопствен бизнис, како и секторот лични услуги козметичка нега и убавина, кој овозможува стекнување вештини за отворање на козметички салони за нега на лице и тело, фризури и шминка. Сообраќајната струка им нуди можности за вработување во приватни и државни институции, во МВР, во Царината, автошколи итн.

281820886 555334462610189 9119271460270715266 n

ТЕКСТИЛНА

 

На настанот имаше и музички концерт испреплетен со драматизации, во кои учениците ги покажаа своите таленти за пеење, свирење, глума, цртање, радиодрама на англиски јазик која ја подготвија учениците од билингвалните паралелки, модна ревија на учениците од текстилната струка, со модели кои сами ги дизајнираа, а учесниците во модната ревија беа професионално нашминкани од учениците од струката лични услуги козметичка нега и убавина, а за гостите од основните училишта, учениците заедно со нивните родители, наставниците и другите вработени во училиштето, подготвија мултиетничка кујна со традиционални јадења, а учениците од угостителско-туристичката струка подготвија и посебна богата шведска маса која ја аранжираа и ги покажаа своите вештини.

Имаше и повеќе изложби, графичарите подготвија изложба на "Уметничка графика-сува игла", изложба на ликовни дела и карикатури од уметничкиот актив, изложба на макети на индивидуални објекти, тродимензионални модели, проекти изработени во Auto Cad од градежно-геодетската струка, текстилците рачни изработки на модни додатоци, торби и накит, а гимназијалците

Подготви: Марија Младеновска-Димитровска

МОДНА

281869104 1095552937724847 3342677376997755168 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани