2win800x200

Празник на музиката во Битола – се одржа „Пијано фест 2022 “

Јуни 15, 2022

Изминатите денови во Битола беше празник на музиката. Се одржа 4.Меѓународен натпревар по пијано „Пијанофест“ од 10 до 12 јуни во Офицерскиот Дом – Битола, во една од најубавите и најакустични сала во Македонија и пошироко. Во изминатите три денови настапија околку осумдесет учесници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија.

Учесниците ги изведуваа композициите на прекрасното концертно пијано “Bosendorfer”, кое недоамна беше пренесено од битолскиот Завод и Музеј. Фестивалот започна со концертот на пијанистот Гоце Златев, а отворањето го поздрави градоначалникот Тони Коњановски.

.fest

На натпреварот беше доделена и парична награда за лауреатот со што се дава еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми, а кои еден ден ќе бидат наша гордост и ќе не претставуваат во светот. Истата ја понесе Лара Арбајтер од Србија. 

Натпреварот беше во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ од Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола како и во соработка со ЈОУ. Културен и Информативен центар – Битола

„Секоја отсвирена нота изминативе три дена ќе остане еден спомен. Спомен кој што кога музиката ќе прекине, останува да живее во нашите срца. Од име на организацијата на “Пијанофест” се заблагодаруваме на нашата беспрекорна жири комисија, нашите поддржувачи, на Државното музичко училиште од Битола за соработката. Благодарност до сите натпреварувачи, професори, родители, пијанисти и педагози кои беа дел од оваа наша успешна приказна. Честитки за сите. Се гледаме повторно следната година“, истакнаа професорките Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска.

fest 2

Реномираната жири комисија оваа година беше во состав: Драгомир Братиќ (Србија ), Кристина Петролари Ласо ( Албанија ), Дино Имери ( Македонија ) и Лилјана Вукелија ( Србија ).

fest 3

fest 4

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани