2win800x200

Бимилк ја додели главната награда за 70 години постоење

Јули 05, 2022

 

 

 Главната награда од големата наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“, автомобилот Toyota Corolla Hybrid Hatchback е извлечена и добитник е Јана Постоловска од Скопје. Бимилк ги додели наградите за 70 години постоење, со што го одбележа својот јубилеј и им се заблагодари на најверните потрошувачи за искажаната доверба во производите на првата млекара во Македонија, Битолска млекара.

Благодарност до Бимилк за оваа наградна игра и им посакувам уште многу родендени да славиме заедно. Да продолжат со својата успешна мисија на создавање квалитетни производи, а ние како нивни лојални потрошувачи сме секогаш тука за уживање во нивниот вкус. Едноставно немав зборови кога дознав дека сум добитничка на колата затоа што не верував дека нешто толку големо ќе ми се случи на мене. Затоа верувајте во себе, играјте наградни игри, купувајте македонски производи и секако консумирајте ги највкусните производи на Бимилк, изјави добитничката на главната награда Јана Постоловска.

На наградната игра, која што траеше од 2 мај до 26 јуни, беа пристигнати над 84.000 пријави за учество со што учесниците покажаа дека “Битолско” им е омилениот домашен бренд за млеко и млечни производи и за тоа беа наградувани. Во текот на осумте недели, беа доделени 16 паметни телефони, 16 LED smart телевизори 43", 37 пакети со производи Битолско млеко и највредната награда - автомобил Toyota Corolla Hybrid Hatchback.

Сите добитници и за неделните добивки и за главното извлекување беа добиени со извлекување по случаен избор преку лиценциран софтвер.

Подетални информации за сите добитници на награда од наградната игра се достапни на http://www.bimilk.mk/nagradna-igra/#dobitnici .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани