2win800x200

1400 атлетичари учествуваат на „Трчај бе“ во Битола

Септември 04, 2022

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во Битола, започна манифестацијата „Трчај бе“, чиј главен поддржувач е општина Битола. Официјалниот почеток на трката, која годинава е и Национално првенство во полумаратон го означи градоначалникот Тони Коњановски, кој им посака успех на натпреварувачите, честитајќи им на организаторите за успешната организација, која од година во година, резултира со се помасовен интерес и посетеност на настанот.

Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето, трчаат на трите патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола на овогодишното четврто издание на „Трчај бе“.

На манифестацијата учествуваат и бројни компании, кои давајќи поддршка на овој значаен проект, своите тим билдинг активности, овој викенд ги испланираа токму како учесници на настанот.

Дел од денешниот спортско – забавен хепенинг е и дополнителната музичка програма по патеките, а на главната сцена настапува групата „Љубојна“.

 

 трка 2

трка3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани