2win800x200

Вечерва со гратис ноќно скијање стартува сезоната во ски центарот "Нижеполе"

Февруари 06, 2023

Снегот што наврна последните денови создаде минимални услови за почеток на ски сезоната во ски центарот Нижепиле, со кој стопанисуца ЈП Стрежево. Вечерва има  ноќно скијање  од 19 часот, а  гратис ќе работи ски лифтот на патеката во Нижеполе,  соопштија од ски центарот.

FB IMG 1675707392472

 

-Почитувани љубители на скијањето,со создавањето на минимални услови за скијање,  вечерва од 19.00 до 22.00 часот најавуваме почеток на ски сезоната . Промотивно (гратис) ќе работи ски лифтот за сите вас, соопштија од ски центарот Нижеполе

FB IMG 1675707387949

 

-Спремете ги вашите скии ,вашата топла облека и почитувајќи ја редарската служба повелете да скијаме, бордаме, и да се радуваме на снегот, повокуваат од ски центарот
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани