2win800x200

РЕК Битола станува партнер во дуалното образование на средните стручни училишта

Февруари 14, 2023

 

РЕК Битола од следната учебна година ќе формира дуална паралелка во соработка со СОУ Крсте Петков Мисирков од Демир Хисар. 

“ Со Меморандумот за соработка што денес го потпишавме, од следната учебна година, учениците кои ќе се запишат на електротехничката струка, профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, ќе изведуваат практична настава во РЕК Битола, под менторство на сертифицирано лице од комбинатот. За разлика од практичната настава која со години ја изведуваат во комбинатот средни стручни училишта од Битола и регионот, во дуалната паралелка сертифицираното лице од РЕК Битола заедно со професорите ќе биде постојано со учениците за време на  практичната настава и континуирано ќе го следи нивното напредување, како и безбедноста на работното место, а воедно ќе учествува и во формирањето на оценката на ученикот”, вели директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.

Продлабочувањето на соработката меѓу РЕК Битола и СОУ Крсте Петков Мисирков од Демир Хисар има за цел да се зголеми интересот на учениците за запишување во електротехничката струка кои би биле оспособен и адекватен кадар за вработување во реалниот сектор по завршувањето на средното образование.

“ Со изведувањето на практичната настава во РЕК Битола, учениците ќе стекнат подобри знаења и вештини, со кои што ќе ја зголемат својата стручност и самодоверба, а истовремено ќе се запознаат и со организацијата на работа, начинот на функционирање на производствениот процес, редот и дисциплината, редовност итн”, рече директорката на СОУ Крсте Петков Мисирков, Маја Лозановска.

Со формирањето на дуалната паралелка, РЕК Битола ќе стане верификувана компанија во доменот на дуалното образование, што претставува повисок општествен интерес на сите страни вклучени во образовниот процес и на македонското стопанство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани