2win800x200

Исечените дрва во Горната гимназија се заради плитки корења, велат од „Комуналец“, на реакцијата на професорот Ристов

Март 21, 2023

Исечените дрва од дворот на Горната гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола, се заради плитки корења и опасност по безбедноста на просторот, одговорија од ЈКП Комуналец Битола откако професорот по географија Мите Ристов, граѓански активист, објави фотографии од исечените и полегнати дрва. 

Професорот Ристов, кое воедно е еден од активистите за чиста и здрава животна средина  и претседател на Регионалното географско друштво - Геосфера, забележува дека - на денот на пролетта имал  непријатно изненадување од битолски Комуналец кога „наместо поткастрување на дрвјата во дворот на Гимназијата 'Јосип Броз -Тито', беа целосно исечени“. Приложувајќи фотографии Ристов забележува дека „се гледа дека дрвјата се здрави. Срамота голема“.

Од Комуналец велат дека, стручните служби по кастрењето на дрвјата во дворот на Гимназијата констатирале дека две од нив имаат плитки корења и заради безбедност на просторот подобро е да се отстранат. Но, сепак за овој случај, по јавните реакции на граѓански активисти, ќе има дополнителна контрола. Од ЈКП Комуналец најавуваат дека на местото на отстранетите дрва сега во пролетната акција ќе бидат засадени нови дрвја. 

Од Комуналец соопштија 

-Екипите на ЈП Комуналец, утрово извршуваа редовни активности на кастрење на дрвјата, при што со активностите беа опфатени и дрвјата во училишниот двор на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“. При извршувањето на работните активности, од страна на екипите констатирано е дека се работи за дрвја со плиток корен, поради што истите претставуваат опасност за вработените и учениците во училиштето. Од овие причини, од страна на екипите пристапено е кон целосно сечење на дрвјата. Од страна на ЈП Комуналец, формирана е посебна комисија која веќе работи на проценка на постапувањето на екипите, како и запазувањето на правилата на претпријатието при извршувањето на активности за сечење на дрвјата. Проценката на комисијата и изготвувањето на извештајот предвидено е да бидат завршени до утре. На местото на старите дрвја ќе бидат засадени нови како дел од проектот ,,Сите за почиста и позелена Битола", велат од Комуналец Битола .

 

Фото Мите Ристов 

Можно е да е слика од надвор и дрво

Можно е да е слика од дрво и надвор

Можно е да е слика од надвор и дрво

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани