2win800x200

Прв консултативен форум за изработка на Страгегијата за развој на волонтерство во Општина Битола

Март 22, 2023

Младинскиот културен центар - Битола како граѓанска организација која активно работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, во соработка со Општина Битола и Локалниот волонтерски совет на Општина Битола, започна иницијатива за партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола за периодот 2023 – 2026 година.

Со цел да се обезбеди поголема јавност и можност сите граѓани на Општина Битола да се запознаат со процесот, да дадат свое мислење и предлози се организираат два консултативни форуми за изработка на стратешкиот документ. Првиот се реализира 22 март 2023 година во Битола, наменет за претставници на организатори на волонтерска работа (граѓански организации, државни органи и јавни институции) и граѓани.

Следниот ден следува вториот консултативен форум кој е наменет за млади кои се воедно и најбројна целна група која се вклучува во волонтерски активности. На овај начин ќе имаат можност да се вклучат и во креирањето на локалните волонтерски политики.

„На партиципативен, инклузивен начин овие месеци работиме на подготовката на документот. Направени се структурени интервенции во документот. Консултативниот форум се одржа со цел досега сработеното од стратегијата да добие јавност. Битола предничи во однос на другите општини за промоција на волонтерството. Пред неколку години формиран е Локалниот совет за волонтерство како меѓусекторско општинско тело кое и денес е активно и функционира. Преку подготовката на оваа стратегија сакаме да ја заокружиме волонтерската инфраструктура на ниво на општина Битола која понатаму може да биде репер за другите општини да го преземат истото искуство и да формираат и Локални совети за волонтерство и да ги подготват локалните стратегии“, рече Мери Нашоку од МКЦ-Битола, координатор на проектот.

 336598367 753907606336537 2767553161802228307 n

Катица Михајловиќ вклучена во изработката на стратегијата за Битола рече дека самиот процес првично опфати анализа на состојбата со волонтерство во општината, формирање на работна група за подготовка на стратегијата, спроведување на три работилници, презентација пред јавноста за да се дадат дополнителни импути во документот пред да биде предложен за усвојување од страна на општинскиот Совет.

„Стратегијата се базира на четири цели, а тоа се промоција на волонтерството, поддршка на волонтерските активности, негова промоција во образовниот систем и поддршка на локалната инфраструктура за волонтерство“, рече Михајловиќ.  

336307265 735159071621359 1028868313819269062 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани