2win800x200

Обвинителството бара притвор за осомничениот кои се самозадоволувал пред деца на сред село во Црнобуки

Април 13, 2023
Фото: Википедиа Фото: Википедиа

 

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои осомничениот преземал дејствија на полово задоволување на јавно место во повеќе наврати.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор на осомничениот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани