2win800x200

Хуманитарен настан на Адамс Арт од Битола за три социјални семејства

Април 14, 2023

Во градскиот парк  се одржа хуманитарниот настан ,,ВЕЛИГДЕН ВО МНОГУ БОИ,, организиран од школата за уметност Адамс Арт од Битола. Младите уметници ја споија својата синергија за да шират среќа и добрина. Минувачите уживаа во уметничките дела кои беа поставени во паркот, каде имаше многу шарени детали, рачни изработки и насликани дела на платно. Адамс арт насочи на опуштена креативна активност, каде младите уметници ги продаваа своите уметнички парчиња, со цел паричните средства да ги донираат во чест на најголемиот христијански празник Велигден. Целта на овој хуманитарен настан е да делуваме во духот на хуманоста, да помогнеме на 3 загрозени социјални семејства, кои се на списокот за помош од Православната епархија во Битола. Воедно, да всадиме емпатични вредности кај децата од најмала возраст, со што инвестираме во иднината на општеството. На овој начин оддаваме и почит кон уметноста како професија или хоби во поглед на тоа дека нема граници на делување. 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани