2win800x200

Концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски-Митрата

Април 24, 2023

Вечерва во Свечената сала на Офицерски дом - КИЦ Битола, со почеток во 19.00 чсаот Државното музичко училиште од Битола  ќе одржи Свечен концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски, насловен како „Стар, ама на англиски“. Ќе нстапат и уметниците Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Оливер Јосифовски, Сузана Турунџиева, Петар Христов и Камерниот оркестар од Битола. 

„Пеце Митревски (12.04.1952 Битола - 07.04.2008, Битола) средно музичко училиште заврши во родниот град, а понатамошното школување го продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира на два отсеци, соло пеење во класата на проф. Благоја Николовски и наставно теоретски отсек. По завршувањето на факултетот работи во Македонската опера се до 1987 година. После тоа започнува неговата педагошка кариера во Музичкото училиште во Битола, каде за прв пат е отворен отсек – соло пеење. Освен предметот соло пеење, предаваше солфеж и вокална техника, но имаше огромни познавања и од контрапункт и хармонија. Од 1992 година континуирано беше диригент на црковни хорови во Битола.

Митревски ја напиша првата литургија на македонски јазик, со што во 1995 година добива признание за особен придонес во Македонската православна црква. Истата литургија е изведувана во Романија, и во Бугарија, во Рилски Манастир и во Софија во Храмот Александар Невски. Тој го вгради своето дело во многубројните генерации излезени од клупите на музичко училиште. Неговата големина се состоеше во божјата дарба и до перфекција изградениот слух со кој можеше да го насети талентот и да создава уметник. Неговиот раскошен талент не го чуваше само за себе, туку несебично го пренесуваше на учениците, ни го остави нам, како завет да ја продолжиме неговата мисија“, напишаа професорките Вилма Костовска и Маја Митровска. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани