2win800x200

На Денот на кариера промовирани над 20 компании и повеќе од 100 работни позиции

Април 26, 2023

Повеќе од 20 компании и повеќе од 100 отворени работни позиции беа промовирани на Денот за кариера кој се реализира на 25 април 2023 година на платото во Офицерски дом во Битола.

Основна цел на настанот беше пренос на информации, мотивација и едукација на преку 200 невработени лица од општина Битола да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании од една страна и компании кои имаат потреба од работници со стручни квалификации, кои нудат слободни работни места.

Денот за кариера ја поврзува бизнис заедницата (промоција на отворени работни позиции) со невработени лица. Другиот аспект на овој настан беше мотивирање на младите да останат во РСМ, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој.  Дополнително од страна на МКЦ-Битола, на апсолвентите и дипломираните студенти им се понуди и учество во иновативна дигитална онлајн платформа за претприемничко учење која ќе се реализира од јули до август 2023, а ќе финишира со еднонеделна обука во септември 2023 во Солун, Република Грција. Преку ЕНТЕГ програмата за преприемништво имаме слободни места за 24 учесници од Северна Македонија.

Проектот ЕНТЕГ е во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020  и е партнерска соработка помеѓу Младински културен центар – Битола и COSV Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп од страна на Република Северна Македонија и Регионалниот фонд за развој на Централна Македонија (водечки апликант) и Техничката комора на Грција/оддел за Централна Македонија од Република Грција

мкц2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани