2win800x200

„Генералка викенд“ во Битола

Мај 12, 2023
Општина Битола во соработка со јавните претпријатија, приватните фирми, месните и урбаните заедници, воспитно образовните институции и граѓаните, денес  ќе ја спроведе акцијата „Генералка викенд“. Работните активности за почиста животна средина ќе започнат од 08:00 часот, а ќе се одвиваат на следните локации:
1. Обиколница на Регионален пат Битола - Охрид
2. АРМ - просторот на поранешната Касарна
3. Просторот околу Хотел „Битола“
4. ул.Тошо Даскалот – Партизанска
5. Тумбе кафе (кај авионите)
6. место викано Кајнак
На наведените локации може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, а своето учество со чистење на површините околу училиштата веќе го најавија 8 основни училишта и средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, со што во акцијата учество ќе земат над 1500 ученици. Културно уметничкото друштво „Илинден“, за време на „Генералка викенд“, заедно со жителите од урбаната заедница, ќе спроведе активности за чистење на УЗ „Даме Груев“, а во акцијата се вклучува и месното население од урбаните заедници „Панде Кајзерот“, „Васко Карангелевски“, „Ѓорги Наумов“, „Благојче Силјанов -Џуџето“ и други, со расчистување на просторот кој кој гравитира кон овие урбани заедници.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани