2win800x200

Јавен настан во Битола „Придобивките од европските фондови и грантови“

Мај 14, 2023
Во организација на општина Битола, вчера на Платото пред Офицерскиот дом, се одржа настанот насловен како „Придобивки од европските фондови и грантови“. Дел од активностите беа наставници и ученици од основните училишта: „Свети Климент Охридски“, „Стив Наумов“, „Ѓорги Сугарев“, „Даме Груев“, „Елпида Караманди“, „Александар Турунџев“ од с.Кукуречани, средношколците со своите професори од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и „Таки Даскало“, како и студенти и професори од Универзитетот „Свети Климент Охридски“, претставници на НУУБ „Свети Климент Охридски“, како и членови на здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“. Учесниците на настанот, низ презентации и штандови, ги претставија успешните приказни, резултатите и придобивките од реализираните проекти во повеќе области, финансирани од европските фондови.
Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајќи им за досегашните успеси и посакувајќи им многу нови проекти и позитивни искуства кои ќе можат да ги пренесат на своите соученици, како и активности низ кои ќе бидат директни учесници во создавањето подобри услови за младите кои живеат во општината и треба да останат да се едуцираат и работат во Битола.
Настанот е дел од активностите кои општина Битола, ги организираше по повод одбележувањето на Денот на Европа.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани