2win800x200

Коњановски ја повикува Илиевска итно да свика вонредна седница на Совет

Мај 16, 2023
Во време кога потребно е да се носат одлуки за важни прашања за локалната самоуправа, претседателката на Советот, извесно е дека нема намера веќе еден месец да закаже седница на Совет. Измина половина месец мај, а претседателката, иако треба да се грижи за организацијата и работата на Советот, очигледно ја заборавила својата должност. Ова е дополнителна потврда за несериозноста и неодговорноста кон граѓаните кои и ја дале својата доверба, за да може, преку Советот, да се иницираат промени и да се реализираат проекти.
Се наоѓаме во период на полн ек на градежната сезона, како и период во кој имаме можност за обезбедување финансиски средства од меѓународни фондови за реализација на проекти од витална важност за Битола.
Од крајна итност е донесување на Одлука за изградба на велосипедски патеки, за да може да се пристапи кон издавање на одобрение за градење и реализација на овој проект оваа градежна сезона. Потребно е Советот да донесе одлука и за аплицирање за финансиска поддршка од УНДП, вклучувајќи и општинско кофинансирање за Проектот: Каскадно уредување на коритото на реката Драгор. Советот неопходно е да го усвои и извештајот изготвен од Комисијата за проценка на штети од минатогодишните поплави, за да може граѓаните кои пријавиле штети да бидат соодветно обесштетени.
Администрацијата ја заврши својата работа, на ред е Советот.
Затоа, барам Претседателката Габриела Илиевска, веднаш да закаже вонредна седница, на која ќе бидат разгледани и усвоени наведените точки, за да може реализацијата на проектите и постапките непречено да се одвива. Доколку, кај неа не постои желба за нови проекти во Битола, тогаш очекувам иницијатива на најмалку една третина од членовите на Советот за свикување на вонредна седница со наведениот дневен ред, со што заеднички ќе ја покажеме нашата должност за исполнителност и одговорност кон граѓаните кои ни ја дадоа довербата и од нас очекуваат работа и резултати.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани