2win800x200

Со брза реакција на СВР Битола пронајдено изчезнато лица на патот за Пелистер

Мај 17, 2023
Полициски службеници од СВР Битола со брза реакција на патот за Пелистер пронајдоа повозрасно исчезнато лице  
Во текот на вчерашната вечер (16.05.2023), по добиена пријава во 21.11 часот од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13.00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање. 
Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола - Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во  домот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани