2win800x200

БИТОЛА ЌЕ СЕ СМЕЕ НА СЕКОИ 2 СЕКУНДИ: “THE BEST OF со Никола Тодороски”

Јуни 06, 2023

По барање на битолската публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски повторно доаѓа во Битола, меѓутоа премиерно само за битолчани, ќе го изведе неговото најново, спектакулатно стендап шоу со наслов: “THE BEST OF со Никола Тодороски”. Станува збор за неговите најаки, најдобри и најспешни фори со помош на кои сите овие години наназад, Тодороски успева да го насмее цел Балкан!

 
Овој најнов стендап на Никола Тодороски со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи.  Ова е човекот кој ги полни салите низ Македонија по 3-4 пати. Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Штип и каде ли уште не, каде и да се појави се бара “билет повеќе”. Сето ова е доказ дека Никола Тодороски е ЦАРОТ НА СТЕНДАП НАСТАПИТЕ ширум Македонија, а веќе извесен период неговите настапи се бараат и во Србија.
 
По барање на битолската публика, овој настап ќе се случи во Центар за култура-Битола на 21.06.2023 (среда) со почеток од 20:15h.
 
Резервација на билети на 078/66-77-97. Минатиот пат со Никола во Битола беше “јако”, ама овој пат ќе биде “прејако!!!”
 
 Шоуто е забрането за лица на кои од страна на доктор му е препорачано задолжително да избегнуваат смеење на секои 10 секунди, и тоа цел час и половина – односно онолку колку што ќе трае ова спектакуларно стендап шоу!!!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани