2win800x200

Спортската сала "Боро Чурлевски" ќе се адаптира за европски натпревари, се реконструира и паркингот

Јуни 13, 2023
 
Согласно Програмата за развојни планови, спроведената постапка за јавна набавка и склучениот договор, општина Битола, започна со работните активности за комплетна реконструкција на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“. Проектот вклучува фаза реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротехника, односно соодветно осветлување на просторот. За овој проект, општина Битола, издвои 18.301.800 денари.
sportska i parking 04
Паралелно со отпочнувањето на работите на паркинг просторот започнаа и работните активности, во спортската сала, со цел нејзино прилагодување, согласно европските стандарди за ракометни натпревари со европски екипи на домашен терен во следното издание на Лигата на шампиони кое започнува оваа есен.
Работните активности во објектот на Спортската сала ги реализира Општина Битола во соработка со јавните претпријатија и приватните фирми, согласно склучените договори, а со активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од РК Еурофарм Пелистер.
sportska i parking 07
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани