2win800x200

Волонтерска акција „ЧИСТА ПИСТА“ на Локалниот волонтерски сервис ‒ Битола

Јуни 16, 2023

На 16.6.2023 година, повеќе од 40 волонтери го чистеа местото познато како „Кај Авионите“ и Смолево во склоп на волонтерската акција „Чиста писта“ на Локалниот волонтерски сервис ‒ Битола.

Потребата да се разлизира акцијата е фактичката ситуација дека местото „Кај Авионите“ е запоставен дел од градот каде што нема еколошка свест, а потребен е тој чист простор за многу настани бидејќи од таму се гледа Битола кристално чисто!

Во склоп на акцијата имаше и диџеј на симулирана писта и перформанс од страна дел од волонтерките кои беа облечени како стјуардеси од рециклирани материјали.

Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ на Младински културен центар – Битола во партнерство со СФЕРА Интершенал се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Локален волонтерски сервис“ е кофинансиран од Општина Битола

Локалниот волонтески сервис претставува организиран облик на општествена партиципација којшто вклучува млади луѓе од Битола на возраст од 16 – 29 години.  Идејата за формирање на ваков сервис е да се стимулираат волонтерски активности и да се зголеми бројот на млади кои ќе се вклучат во доброволна работа во локалната заедница.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани