2win800x200

Кај Дреново застој на патот, дождот однел дел од патот, јавуваат битолчани

Јуни 17, 2023

Битолчани кои утрово патуваат од Скопје за Битола велат дека кај Дреново, пред тунелот,  има долги колони од возила поради проблеми на патот, дождот однел дел од асфалтот. Битолчанецот Благојче кој ни ги испрати фотогафиите вели од 7 часот чекаат во колана, додека не се санира оштетениот дел. На терен веќе била пратена механизација да постави чакал и да се осопособи патот, но засега се уште се чека во колана.

И АМСМ јавува 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка река, кај с.Реац, од 07:20 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско - Прилеп е во целосен прекин. На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување.

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани