2win800x200

Почина Трпе Маринов, првиот дипломиран професор по математика во Битола

Јуни 25, 2023

На 88 години по кратко боледување денес, на 25 јуни 2023 година, почина Трпе Маринов, првиот дипломиран професор по математика во Битола. Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 26.06.2023 година, во капелата во Света Недела, а опелото и погребот ќе се одржат во 12,30 часот во храмот на Светонеделските гробишта.

Маринов беше признат и докажан професор по математика во Битола, кој предаваше скоро во сите средни училишта во градот. Воедно беше и професор на Техничкиот факултет по нацртна геометрија. Како просветен работник изваде многу генерации на интелектуалци кои и ден денес со гордост се сеќаваат на својот професор.

Покрај математика, предаваше и старогрчки јазик во Гимназијата „Јосип Броз-Тито'' , а грчки јазик во приватните училишта во Битола.

Трудови од областа на математиката остави и во пишана форма со цел да им ја доближе оваа научна област до идните генерации.

Семејството раскажува дека пензијата за него беше само ливче хартија зашто со книгата и науката се дружеше до последен здив.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани