2win800x200

Сопственици на парцели во касарната 11 години чекаат да им се направи инфраструктура, од Општина велат се прават обиди да обезбедат пари

Јуни 28, 2023

Четириесет и двајца сопственици на парцели во битолската касарна, АРМ четврт 2, за кои уредно и навремено платиле комуналии, единаесет години не можат да ги изградат планираните објекти зашто не е направена потребната инфраструктура до нив.. Тие се жалат дека немаат никаков пристап до парцелите. Не е изградена планираната улица во должина од 1650 метри, нема вода, канализација, струја.

„Имам парцела во Златен рид, проект АРМ2. Но, од тој проект нема ни буква А за разлика од проектот АРМ1 од другата страна кој е направен и изграден како да сме во Холивуд, Имаме спротивност, од една страна планина и џунгла, од друга Холивуд. За тоа заслужни се органите на општинската управа кои дозволија да чекаме 11 години без да имаме никаква инфраструктура. Парцелите се платени пред 11 години заедно со даноците и комуналиите, но ништо не е наравено“, вели Пеце Стефановски, доктор во пензија и жител на Битола.

Сопствениците на парцелите критикуваат дека Општина наоѓа средства за проекти кои не се толку приоритетни, а не се интервенира онаму каде нема елементрани услови за живот.

„Како пример е населбата Недопирливи, која има звучно име за битолски услови, но таму ништо не недостига, не гледам причина зошто се правеа темелни реконструкции. Вредноста на тој проект чинеше 1 милион евра. Од нас како сопственици на парцели собрани се пари на име на комуналии околу 1 милион евра, а проеКтот чини 2 милиони евра. Значи еден милион евра од парите од Недопирливи и еден од комуналиите и можеше да се направи оваа населба“, регира Стефановски.

„Ни ги дадоа местата, легално на оглас, ги плативме комуналиите и нема направено никакви услови за да се почне со градба, а трпиме штета, материјални загуби. Нашите пари веројатно отидоа за други проекти наместо да се наменат за изградба на инфраструктура овде “, рече Јане Ристевски, непропсихијатар од Битола.

Од Општината одговорија дека ги разгледуваат сите можности за решавање на овој долгогодишен проблем чие решение не е едноставно и бара дополнителни средства.

„Станува збор за голема инвестиција околу 2 милиони евра, а платените комуналии се околу 20 проценти од средствата потребни за изградба на инфраструктура во посочниот дел на АРМ, каде потребно е да се изгради комплетно нова траса и инфраструктура на две улици. Оваа локална самоуправа во изминатата година и половина прави напори, согласно документацијата од 2015 година да ги обезбеди потребните средства, разгледувајќи различни начини на финансирање. Комплексноста на проектот не дозволува едноставно решавање. Покрај новата траса, треба да се изгради и атмосферска, фекална канализација, коловоз. Токму затоа потребно е да се обезбедат дополнителни извори на средства кои ќе овозможат општината да делува и на овој простор“, одговорија од Општина Битола.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани