2win800x200

Се асфалтираат 7 улици во село Оптичари

Јуни 29, 2023

 

Проектот за изградба на коловоз на седум улици во село Оптичари, влегува во завршна фаза. Согласно склучениот договор на Општина Битола со изведувачот на активностите „ЗИМАК“ ДООЕЛ Битола, денес започна асфалтирањето на новата патна мрежа во должина од 1090 метри. Вкупната вредност на инвестицијата од општинскиот буџет изнесува 5.238.208 денари.

Жителите на селото Оптичари, му се заблагодарија на градоначалникот Тони Коњановски, за неговата посветеност во работењето, посебно за подобрувањето на инфраструктурните услови во руралните места, со што конечно се решаваат и долгогодишните проблеми на населението од селата кои гравитираат кон општина Битола.

ulici vo Opticari 01
 
ulici vo Opticari 04
 
ulici vo Opticari 05
 
ulici vo Opticari 08
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани