2win800x200

Екс министерот Милевски е задоволен што оставил вредни проекти за битолчани-„Бајк парк Смолево“

Јули 03, 2023
„Бајк парк Смолево“ е проект комплетно финансиран од Министерството за локална самоуправа додека на чело беше битолскиот министер Горан  Милевски, сега амбасадор на Република Македонија во Словенија. Паркот вчера беше промовиран за битолската јавност, а Милевски на Фејсбук напиша дека е задоволен што како министер се заложил за вредни проекти што ќе останат за битолчани и е благораден што Општина Битола ќе го преземе одржувањето на патеките. 
 
-100% финансиран во мандатот додека бев министер за локална самоуправа.
Благодарам Јовче што ги поздрави присутните во мое име и ги потсети кој одобрил средства за изградба на оваа нова рекреативна зона во Битола.
Мило ми е што ветувањето стана реалност и што оставаме позади нас, вредни проекти.
Благодарност и до Општината која се согласи без проблем, да го преземе одржувањето на овие патеки, што беше еден од условите за одобрување на средствата.
Се надевам дека Бајк паркот Смолево ќе стане нова привлечна дестинација за сите љубители на рекреативниот спорт од Битола, напиша Милевски на фејсбук
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани