2win800x200

Утре ќе се прска против комарци во Битола

Јули 06, 2023

 

 
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:
Ве известуваме дека на ден 07.07.2023 год. (петок) екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ЛАРВИЦИДНАТА ПРЕВЕНТИВНА теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. 
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100 и 047 208-102
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани