2win800x200

И денеска многу топло со температури над 40 степени и УВ индекс 10

Јули 17, 2023

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени.

 

Како што соопшти УХМР, подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот ќе има многу висока вредност, 10. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани