2win800x200

После 45 години се реконструира улицата "Зборска"

Јули 21, 2023

Попладнево започна асфалтирањето на улицата „Зборска“, што претставува финална фаза од реализацијата на овој проект.

Увид на работата, направи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, придружуван од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и претставници на општинската администрација, одговорни за координација на активностите поврзани со проектот. Коњановски потенцираше дека за реализираните зафати, локалната самоуправа инвестираше 6.569.281 денари, од кои 1.522.373 за водоводна мрежа, 1.671.833 за канализациона мрежа и 3.375.075 за коловоз.

Општина Битола, продолжува со работа на повеќе локации во попладневните часови, согласно препораките на Министерството за здравство.

Зборска 01

Зборска 10

Зборска 09

Зборска 07

Зборска 06

Зборска 04

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани