2win800x200

Превентивни активности на СВР-Битола

Јули 23, 2023
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод на улиците ,,Маршал Тито" и ,,7 Септември" во Македонски Брод спроведоа превентивна активност под мотото ,,Нови згради, нови жители" каде што со новонаселените станари беше одржано едукативно предавање за Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиште на граѓаните на Р.С.Македонија и тоа членовите 2,3,4,7,8,9,11 и 12. Исто така, со нив беше разговарано за поголема лична самозаштита и заштита на домовите од кражби, разбојништва, измами, при што покрај препораките им беше поделен и едукативен материјал.
Можно е да е слика од 2 луѓе, амбулантно возило, автомобил и текст
Во Демир Хисар , полициските службеници од ОВР Демир Хисар заедно со претставници на Јавното претпријатие Национални шуми и Шумското подрачно стопанство Бигла од Демир Хисар реализираа превентивна активност во рамки на кампањата за превенција од шумски пожари во летниот период под мотото “Да ги заштитиме планините од пожари“, "Лето без пожари".
При непосредна комуникација и разговор со граѓаните, полициските службеници укажуваа како и каде да се пријавуваат пожарите и на кој начин да се заштитат шумите од можните огнени стихии.
Можно е да е слика од 3 луѓе, автомобил и текст
Целта на превентивната активност беше фокусирана кон подигнување на свеста кај граѓаните, излетници и рекреативци, како и месното население за свесно и одговорно постапување при излети и прошетки во шумите, а во насока на елиминирање на потенцијалните ризици од пожари. Исто така, на граѓаните им беа поделени и печатени материјали со информативни содржини.
ОВР Крушево и ОВР Прилеп во текот на вчерашниот ден беа насочени кон безбедноста во сообраќајот на нивното подрачје, при што реализираа превентивни активности под мотото "Стави појас" каде на возачите им беше укажано за важноста од користење на појас при превезување со возило.Во рамките на сите активности беше поделен едукативен материјал.
Полициската станица за безбедност на сообраќајот и криминалистичката полиција на СВР Битола во Старата битолска чаршија и низ централното градско подрачје и ул."Широк сокак" во Битола спроведоа превентивни активности под мото" Бизнисот и безбедноста", како и "Полицијата и граѓаните заедно", "Слави со срце, не со оружје", при што на граѓаните им делеа летоци со едукативна содржина.
Можно е да е слика од 3 луѓе
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани