2win800x200

Васил Стерјовски едногласно реизбран за претседател на партијата на Македонците во Албанија

Јули 30, 2023

На четврти Конгрес, на единствената македонска партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, [што с еодржа вчера во Корча, едногласно за лидер на партијата беше реизбран Васил Стерејовски.

Стерјовски е магистер по историски науки, претседател е и на друштвото „Сонце“, прв пратеник во албанскиот Парламент (16 мај 2019 до 9 септември 2021) кој јавно се декларира како Македонец и прв кој се обрати на македонски јазик во албанскиот законодавен дом. Моменто е професор на Универитетот во Корча.

 

Во своето обраќање Стерјовски порача дека на Македонците во Албанија им е потребна силна и авторитетна македонска партија, која ќе биде народна и демократска, ќе работи транспарентно, за права, слободи, правда, демократија и развој на Македонците и на сите граѓани на Република Албанија, како еднакви со еднаквите, еднакви права и слободи за сите.

 

-Ние сме Македонци. Нас не има многу, многу повеќе во цела Албанија отколку што не бројат во Мала Преспа. Македонците во Албанија не се само Мала Преспа, туку и во Врбник, Голо Брдо, Гора, Тирана, низ цела Албанија. Македонците во Албанија се вградени во историјата и културата на оваа земја. Ние сме лојални граѓани на оваа земја, затоа што и таа е наша татковина. Нашето единство не прави силни да одолееме на сите предизвици и негации од сите страни по сите основи, нагласи Стерјовски.

Се задржа и на престојниот попис на населението во Албанија, што ќе се спроведе во октромври, во кој, како што рече, мора „максимално да се вклучиме заради релевантно попишување на Македонците, имајќи ги предвид сите манипулации кои ги врши Владата во Софија и бугарската Амбасада во Тирана да покаже дека во Албанија Македонците се Бугари“.

-Најостро ги отфрламе обидите за денационализација на Македонците од страна на Бугарија. Нема да дозволиме, Македонците да бидат колатерална штета во евроатлантските интеграции на Албанија, под бугарски диктат, што Софија го прави со злоупотреба на ветото за членство на Албанија во Европската Унија. Во оваа борба, бараме помош и од Владата во Тирана и од Владата во Скопје, бидејќи тоа претставува грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија, спротивно на меѓународното и домашното право, нагласи Стерјовски.

Според него „Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мостови на соработка и братство во македонско-албанските односи“.

-Наша задача и натаму останува унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Албанија, наша задача е унапредувањето на положбата и правата на сите етнички заедници во Албанија, а заедно со нив, во координација и соработка, да ја градиме државата Албанија. Бараме Договор за положбата и правата на Македонците во Република Албанија и на Албанците во Република Македонија, на реципроцитетна основа, нагласи тој.

Според него, Македонска алијанса „во соработка со организациите на малцинствата во Албанија мора да се избори за гарантирани квоти во Парламентот на Република Албанија за сите малцинства - Македонците, Грците, Власите, Ромите, Еѓиптјаните, Србите, Црногорците, Ромите и Бошњаците“

-Бараме право на образование на мајчин македонски јазик на целата територија на Албанија во сите степени на образование, во сите места каде што Македонците живеат, право на информирање на државната телевизија и радио со програми на македонски јазик, право на вероисповед на македонски јазик, право на културни и образовани установи за Македонците, посочи Стерјовски оценувајќи дека функцијата претседател на МАЕИ ја смета за одговорна функција која бара многу напор.

На највисокиот партиски собир, кој беше одржан во хотел „Грант Палас“ во Корча, под мотото “Македонците - нераскинлив дел од Албанија“, присуствуваа и македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија  Сајковски и други гости од неколку соседни земји.

Министерот  Спасовски во својот говор посочи 

-Македонската алијанса за европска интеграција придонесува кон континуираното подигање на свеста за посебниот македонски идентитет - позиција изградена низ децениите заеднички соживот, добрососедство, солидарност и уважување како реален респектабилен доказ како треба да се гради и развива граѓанското општество, рече Спасовски

 

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, рече 

-Овој конгрес покажа единство и визија како натаму да ги унапредиме правата на Македонците во Албанија, како на политички така и на економски план. ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на Македонците во соседството, посочи Сајкоски 

МАЕИ во судскиот регистар во Тирана е запишана во јуни 2005 година

 

358268089 975766733756627 5765970438990967617 n

358274996 3701752766719889 8566958946438074710 n

358294810 1651445585281068 10345721861166671 n

358309806 234711075640054 2266238857101328610 n

358340877 821083689510564 1407135235200652484 n

358681017 607386898196937 599567901541163718 n

358687116 115834634927589 6718624324980894788 n

358828374 310503164764160 1676686268642485474 n

358849599 838229411195022 8032910262578292777 n

358918910 6628359067209916 237096312240525989 n

359028057 810336780722865 2851411142485624191 n

359070566 956930738933850 1609142657757387757 n

359306045 805517481071639 5872706864322743147 n

359409663 253906227423828 1252573495709835814 n

359421997 738023208091203 3368885699165033892 n

359629299 628129179432421 2371821035038664577 n

359631471 1018694836211946 680504676396518478 n

359683416 968199414386694 3922217020248611111 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани