2win800x200

Николовски и Бачовски го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, на располагање се 8,8 милиони евра

Август 03, 2023

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска на прес конференција по брифингот со новинарите го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, што утре ќе го ојави Платежната агенција.

-Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај, рече Николовски.

Последниот повик од ИПАРД 2 се однесува на мерката 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рубни производи. Новите инвестиции би биле за млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, вклучувајќи јајца и живина, овошје и зеленчук, житарки, мелнички и растителни производи, масла и животински масти ,вино, оцет…, а финансиската поддршка е 75 отсто од ИПАРД и 25 проценти од државниот буџет. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во иснос од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

-Сите македонски компании од агросекторот треба да се потрудат да подготват добри, издржани апликации. Во оваа насока, во август министертсвото ќе организира неколку состаноци овој месец со сите потенцијални апликанти, најави Николовски.

Целта е максимално искористување на ИПАРД 2, „до последно евро“. Засега се склучени 2 369 договори, што е повеќе од вкупниот број на договори во Србија, Албанија и Црна Гора заедно.

По ИПАРД 2 следуваат повиците од новиот ИПАРД 3.

-Први во регионот почнуваме со ИПАРД 3 со зголемен буџет од 62 %, согласно последната одлука на европската комисија. Во ИПАРД 3 на располагање се 97 милиони евра, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и додаде дека се надева дека ќе се повтори успехот со ИПАРД 2.

Извор: brif.mk

Линк: https://www.brif.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани