2win800x200

АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ КАЈ УЛИЦИТЕ „ЦАНЕ ВАСИЛЕВ“ И „КОЧАНИ“

Август 08, 2023

Проектот за „Изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улиците Цане Василев и Кочани“, влегува во завршна фаза. Денес, започна асфалтирањето на просторот, а увид во активностите изврши градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со стручните служби од општината. Проектот се реализира на површина од 800 метри квадратни, со што до неодамна запуштениот простор, на кој се наоѓаа диви гаражи и депонии, сега добива нов лик, со нови 34 паркинг места за автомобили.

Вкупната инвестиција на општина Битола, за овој проект изнесува 4.022.360 денари.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани