2win800x200

Почина Ристо Георгиевски поранешен судија, автор на научни трудови од областа на правото

Август 16, 2023

Денес во Битола почина Ристо Георгиевски, поранешен судија и докажан правник во градот со објавени повеќе стручно – научни трудови од областа на правото и добиено повеќе награди и признанија.

Георгиевски е роден 1931 год. во Бистрица – Битолско. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. По завршување на приправничкиот стаж завршил и правосуден испит. Како правник работел во стопансвото, управата и како судија во Окружниот суд – Битола. Во својот работен век 12 години ја извршуваше функцијата секретар на Собранието на општина Битола, а од многуте општествени активности, може да се напомене дека бил претседател на КУД „Стив Наумов“ Битола, претседател на Советот на феријалното летувалиште „Преспа-Претор“ како и Здружението на возачи Битола и други општествени волонтерски активности.  

Има објавено повеќе стручно – научни трудови од областа на правото. За покажаната општествена и научна активност добитник е на повеќе награди и признанија. Редовен член на Македонското научно друштво од 1973 година.

Посмртните останки ќе бидат изложени, четврток на 17 август во Светонеделските гробишта во Битола, каде што ќе биде извршен и погребот во 12 часот.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани