2win800x200

БИТОЛА НА ЧЕКОР ДО ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ОД НАД 5 КИЛОМЕТРИ

Август 21, 2023

На неполн месец пред почетокот на Европската недела на мобилност, општина Битола е горда што може да најави голем и значаен проект за граѓаните.

На 30-тата седница на Советот на општина Битола, која ќе се одржи во среда на 23 август, на дневен ред ќе се најде Одлуката за  измена на одлуката за согласност и кофинансирање на проектот Smart4you2, средства предвидени за Реконструкција на постоечки тротоари со изградба на велосипедски патеки во должина од 5280 метри.

Со потпишувањето на анексот од страна на Делегацијата на Европската Унија, во кој се дозволува пренамена на средствата од проектот Smart4you2, за реконструкција на тротоарите на улиците Васко Карангелевски и Партизанска, по што соодветно ќе се изведат и велосипедски патеки, Битола ќе добие велосипедски дел во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина. Реконструкцијата ќе се изведе на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците.

За овој проект веќе е изработена техничка докумантација, како и основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централно градско подрачје во Битола, со сите потребни одобренија.

Реконструкција на постоечките тротоари на дел од ул.„Васко Карангелевски“ и ул. Партизанска”, ќе се одвива на следните делови:

На ул. ”Васко Карангелевски” оддесна странаод кружниот тек кај Педагошка” до кружен тек кај Веро”, на дел од ул.„Партизанска“ оддесна странаод крстосницата со ул.„Тодор Паница“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“ и од лева страна од кружен тек кај „Веро“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани