2win800x200

Спортските работнички игри во РЕК Битола по повод Денот на рударите влегуваат во својата завршница

Август 22, 2023

Спортските работнички игри во РЕК Битола по повод Денот на рударите влегуваат во својата завршница. Познат е пласманот во најголемиот број дисциплини.

На турнирот во кошарка, женска конкуренција, првото место го освои екипата Тигрици, на второто место се пласира тимот од Секторот комерција во рудникот Суводол, а третото место ѝ припадна на екипата Рудник.
Кај мажите, најдобра кошарка играат вработените во Отпепелување, второпласиран е тимот Електро, а на третото место заврши екипата Ол стар.
Жените се натпреваруваа и во дисциплината пикадо. Првото место го освои Александра Трајковска, на второто место се пласира Марина Главеска, а на третото место заврши Билјана Паунова.
На турнирот во мал фудбал – мажи, победата ја однесе екипата 0 (нулти) БТО која во финалето ја порази екипата Електро. На третото место се пласира екипата од ФОД.
До крајот на август ќе завршат и натпреварите во риболов и во куглање – жени, со што ќе се компелтира овогодинешното издание на Спортските работнички игри во РЕК Битола кои традиционално се организираат по повод Денот на рударите. Најдобро пласираните екипи и поединци ќе се натрпеваруваат на работничките спортски игри кои ги организира Синдикалната организација на АД ЕСМ на почетокот на септември на брегот на Охридското езеро.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани