2win800x200

Сојуз на борци Битола: За првпат во нашето постоење е одбиено барање за изградба на спомен биста на борец

Август 23, 2023

Сојузот на борци од Битола со жестока рекација за одлуката на Комисјата за споменици и спомен обележја на Општина Битола која не го прифати нивноот барање за внесување на изградба на биста на првоборецот Пецо Гудовски во Програмата за 2023-2028 година. Jа пренесуваме во целост реакцијата

Длабоко сме изненадени и разочарани што Комисјата за споменици и спомен обележја на Општината Битола на својата седница не го прифати нашето барање за внесување на изградба на биста на првоборецот Пецо Гудовски во Прпограмата за 2023-2028 година, заради тоа што:

1.     За прв пат во изминатите 76 години од нашето постоење   како организација која, меѓу другото, се грижи и ги негува традициите од НОАВМ 1941-1945, не се  прифаќа наше барање за изградба на спомен биста на еден борец,Во изминатите 76 години изградивме  во Битола и битолско над 160 споменици, вклучувајќи го централниот Споменик на Револуцијата , споменик кој е во чест и на Илинден и на НОАВМ, исклучиво со наши средства.Можеби некогаш , особено последните 20- тина години општинските органи  одолговлекувале со донесувањето на одлуки, но апсолутно никогаш не  одбиле наше  барање .

2.      Врз основа на Пограма на ОО на СБМ за 2021, по изнаоѓање на конструкција за обезбедување на средства, во јули 2022 поднесовме барање до надлежните во Општина Битола за одобрување на изградба на бисти на Васко Карнгелевски и Пецо Гудовски, изработивме  и доставивме комплетна архитектонска документација – проект со предлог локација и микролокациски услови,како и со напомена дека сите трошоци за двете бисти ќе  бидат обезбедени од наша страна.

3.     Направивме  усмени консултации со претседателите на локалните организации на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и при тоа наидовме на подршка на нашето барање.

4.     Како непартиска и невладина организација за нас се единствено битни учесниците во НОАВМ   и настаните кои дадоа придонес во борбата со фашистичките окупатори за создавање на слободна, наша,сакана татковина и држава Македонија. Заради тоа нас не ни е битно дали денес сродниците на нашите партизани   припаѓаат на оваа или онаа партија, ниту дали денес  внуката на Пецо Гудовски, Бисера Костадиновска-Стојчевска е министерка од СДСМ (впрочем кога ја донесовме програмата во 2021  повеќето од нас не ја ни знаеа).Денес, за жал, некои сродници на нашите славни борци имааат  бугарски пасоши, па дури и бугарски државјанства откажувајќи се од македонското. Дали треба заради тоа да бараме отстранување на бистите  на нивните дедовци, славни борци претходници? Сродниците ниту го зголемуваат или ниту го намалуваат значењето на херојската борба на нашите партизани, нивни претходници.

5.     За борбениот пат на Пецо Гудовски, во барањето до Општина Битола доставивме кратка биографија. Таа исто така редовно ја објавуваме на нашата фејсбук страница. Последната објава е на 14 август 2023 , на датумот на неговата смрт.Напоменуваме, кратка биографија како и за сите борци за кои правиме објави на фејсбук, меѓутоа за него и за нив има уште многу што треба да се прочита и знае.

6.     Нас посебно не изненади тоа што за одлуката  на комисијата дознавме на  денот на формирањето на 7-мата Бригада, чиј командант при ослободувањето на Битола беше токму Пецо Гудовски. Васко Карангелевски веќе беше на друга должност.

На крајот, бидејќи одлуката на наведената комисија е прва фаза во донесување на Програмата за 2023-2028.Веруваме дека од Советот на Општината Битола ќе ги надмине политичките несогласувања барем во однос на нашето барање и ќе ја одобри изградбата на бистата на првоборецот и командант на 7-та Бригада, Пецо Гудовски

Претседател на ОО на СБМ - Битола, Бошков Стефан

За потсетување, 

Комисијата за споменици и спомен обележја при Советот на Општина Битола со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци од Битола за поставување биста за првоборецот Пецо Гуросвки. Гудовски (1920-2008) беше припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба. Тој е дедо на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска од СДСМ.

Во Комисијата за подигање спомен обележја „за“ гласаа Кети Неделковска, советничка од СДСМ и Кире Климевски од ВМРО-Народна, а воздржание беа Сашо Никовски од ВМРО-ДПМНЕ и Марта Ѓоргиевска од СПМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани