2win800x200

Градежни активности на новата детска градинка во старата касарна

Август 31, 2023
Денес, започнуваат работните активности за изведба на дренажен систем за детската градинка во АРМ, со што, конечно ќе се создадат услови за изградба на оваа градинка, проект кој уште со доаѓањето како нова локална самоуправа го затекнавме со бројни проблеми. Еден од најголемите, беше состојбата на теренот, поради што издвоивме 4.193.290 денари за да може теренот соодветно да се прилагоди, да се изврши испумпување на водата, да се направи дренажен систем, за да може да продолжат градежните активности за изградба на објектот, за кој согласно склучениот договор со изведувачот, од општинскиот буџет издвојуваме 36.290.915 денари.
Ова е еден од проектите кои се насочени кон зголемување на капацитетите за згрижување на најмладите, покрај адаптацијата и реконструкцијата на просториите за детска градинка во поранешниот Дом за доенчиња, каде се работи на површина од 460 метри квадратни, а за што се инвестираат 10.273.344 денари, од кои општина Битола финансира 30 %.
Во детската градинка „Мајски цвет“, во изминатиот период веќе имавме повеќе инвестиции за уредување на просторот и занималните, а имам најава и на нови активности кои треба да отпочнат во оваа градинка, со цел да им се излезе во пресрет на што е можно повеќе родители и згрижување на нивните деца. Се надевам дека, ваквиот пример на работа ќе го следи и директорката на детската градинка „Естреја Овадија Мара“, затоа што неискористувањето на средствата кои ги имаат градинките, во изминатите 2 години, резултираше со враќање во државниот буџет на вкупно над 25.000.000 денари, а тоа за жал придонесува за намалување на блок дотациите од Министерството за труд и социјална политика и нивно пренасочување кон детски градинки во други општини.
Нашата заложба, како локална самоуправа за реализација на капитални инвестиции, се потврдува и со овој проект каде што започнуваме денес, со големиот број проекти кои се реализираат за подобрување на патната инфраструктура, но и со новиот предлог ребаланс на буџет, каде учеството на капиталните расходи во основниот буџет, изнесува 36,39%, за разлика од процентот на програмата за култура кој изнесува 1,74%.
Со тоа, сакаме нашата грижа за граѓаните, да ја претставиме преку реални проекти, од кои бенефитот ќе го почувствуваат сите жители на општина Битола, а не преку тактизирање, политичко препукување, негодување и лажна пожртвуваност, да го стопираме напредокот на Битола. Опструкциите потребно е да престанат, капиталните инвестиции да се реализираат, а доколку некој советник, се сомнева во било каков криминал од градоначалникот, го повикувам да покрене соодветна постапка пред надлежните институции, без притоа да врши мобинг врз администрацијата.
Тука сме да работиме во интерес на граѓаните.
Советничката која милува на социјалните мрежи да каже дека Битола има „газда“, ќе ја потсетам само дека, единствени газди на Битола, се битолчани, а сите ние имаме должност кон нив.
Со нашата визија изготвивме многу проекти, очекувам никој да не ја попречува нивната реализација, зошто токму за работа и реализација, ја добивме довербата од граѓаните.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани