2win800x200

Градоначалникот Коњановски отпатува во 10 дневна посета на САД, ќе учествува во меѓународна програма

Септември 05, 2023

Од утре  до 16 септември градоначалникот Тони Коњановски, ќе учествува на меѓународната програма за лидерство на посетители "Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа"  која ќе се одржува на повеќе локации во САД. Како што објави Коњановски на ФБ тој е поканет од Амбасадата на САД

 
-На покана на Амбасадата на САД, заедно со уште 8 колеги, градоначалници од општините во Република Македонија, имаме чест да бидеме дел од ова студиско патување, за кое поддршката е обезбедена од Владата на САД, во функција на олеснување на меѓусебното разбирање меѓу луѓето од нашите две земји и во насока на постигнување повисоки резултати и ефикасност во работењето, напиша градоначалникот Коњановски на ФБ
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани