2win800x200

Жител на Кравари загина во сообраќајка на патот Битола-граничен премин „Меџитлија

Септември 17, 2023

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за село Породин кон Меџитлија.

Како што денеска информираа од МВР, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од битолското село Кравари, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С.

Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани