2win800x200

КОЊАНОВСКИ И ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ПЕТ СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА ГИ ПОТПИШАА ДОГОВОРИТЕ ЗА ОПШТИНСКА ПОДДРШКА ВО ВКУПЕН ИЗНОС ОД 2.200.000 ДЕНАРИ

Септември 25, 2023
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставниците на пет спортски здруженија од Битола, денес ги потпишаа договорите, со кои здруженијата добиваат финансиска поддршка за реализација на спортски активности, во вкупен износ од 2.200.000 денари. Согласно потпишаните договори, по 500.000 денари добиваат женските здруженија: Женски ракометен клуб „Пелистер“, женски одбојкарски клуб „Волеј“ и женските фудбалски клубови „Атлетико“ и „Топ гол“, а 200.000 денари се доделуваат на Велосипедскиот клуб Пелистер „15 Мај“.
Средствата ќе бидат исплатени врз основа на Измената и дополнувањето на буџетот, од Програмата за активности во областа на спортот и младите.
На овој начин, општина Битола, продолжува да дава поддршка за зголемување на вклученоста на жените и девојчињата во највисоките првенствени лиги, како и да биде поттик за подеднакво финансирање на жените и мажите, момчињата и девојчињата во спортот.
Корисниците на средствата, имаат обврска доделените средства од општинскиот буџет да ги користат наменски, согласно доставената програма за доделување на средствата, за што предвидено е доставување на соодветен извештај.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани