2win800x200

Нашата Тамара Николовска постигна високи резултати на Хипо 3

Октомври 03, 2023
Заврши 11ото издание на Олимпијадата за англиски јазик, Хипо2023. И годинава исполнета главната цел: промоција на изучувањето на англискиот јазик, зближување на ученици од целиот свет, поттикнување на натпреварувачкиот дух кај децата и соработка на наставници по англиски јазик. Кога започна за првпатво 2013 година, на Олимпијадата учество зедоа околу 5000 ученици, за годинаватој број да надмине 83.000 од кои 223 се пласираа на светското финале во Рим,Италија.
 
Ученичката Тамара Николовска, која во јуни 2023 година заврши деветто одделение во ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, натпреварувајќи се во категоријата Хипо 3, постигна одлични резултати: се пласираше како единаесетта со над 91%успех во четирите јазични вештини: слушање, читање, пишување (заедно сограматички тест) и говорење. Горди сме на нејзиниот успех и ѝ посакуваме понатамошни високи резултати како средношколка на СОУ „Гимназија Јосип Б. Тито“-Битола.
 
Можно е да е слика од 13 луѓе и текст
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани