2win800x200

Битола нема опера, ама го има Интерфест-учениците од ОУ „Гоце Делчев“ дадоа пример како младите да излезат од стегите на шунд музиката

Октомври 03, 2023

Битола нема опера, ама го има Интерфест-учениците од ОУ Гоце Делчев дадоа пример како треба младите да излезат од стегите на шунд музиката.

Вчера, во рамките на воннаставна активност по предметот музичко образование, група на ученици од VI до IXодд. од ООУ.„Гоце Делчев“,заедно со нивната наставничка Марија Арсиќ и директорката на училиштето Наташа Ставревска, беа гости на отворањето на овогодинешниот фестивал на класична музика,, ИНТЕРФЕСТ,, 2023. Истата вечер учениците имаа можност да следат едно музичко-сценско дело- опера,а со тоа да се запознаат непосредно со сцената, сценографијата, костимографијата, оркестарот и солистите кои драмското дејствие на сцената го носат преку уметнички начин на пеење и глума.

-Со оваа активност сакаме да ги побиеме предрасудите дека децата не ја сакаат класичната,уметничката музика и операта,дека овој жанр не е доволно привлечен и интересен за нив,и дека не можат да излезат од стегите на денешната шунд-музика со која за жал е преплавено нашето медиумско секојдневие, но ,секако со правилна едукација,аналитички пристап на слушање на овој тип на музика и честа посета на вакви музички настани, љубовта и интересот кај децата станува и те како поголем со сигурност.Сакаме да бидеме пример и поттик на останатите ученици и нивните наставници во останатите основни и средни училишта на кој начин може да се организираат дел од воннаставните активности и тоа да има едукативен но и социјален карактер, децата како идна публика да научат како да се однесуваат и што да очекуваат од една ваква културна манифестација а истовремено да учат, и да уживаат во убава музика дружејќи се надвор од училишните клупи, вели наставничката Арсиќ.

Исто така би сакале да испратиме еден апел до организаторите на вакви културни манифестации во нашиот град да обратат поголемо внимание на учениците како нивна идна публика со тоа што ќе ги посетуваат училиштата, ќе доделуваат бесплатни билети или ќе им обезбедат посебно место во гледалиштето, пораува Арсиќ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани